УЕФА: За финалето на ЕП 2020 – 714.000 барања за влезници

Од:

Европското фудбалско првенство ова лето ќе биде историско со самото тоа што ќе се игра во 12 земји ширум континентот.

Турнирот ќе претставува сериозен предизвик за медиумите и за навивачите, но и за “УЕФА”, како организатор, која прими 28,3 милиони барања за влезници.

Едномесечното ЕП ќе почне на 12 јуни и ќе трае до 12 јули за кога е планирано финалето на „Вембли“ во Лондон.

Само за тоа, според соопштението на континенталната Куќа на фудбалот, се добиени 714.000 барања за билети, што осумкратно го надминува капацитетот на стадионот.

Втор најбаран меч е Германија – Франција од групната фаза што ќе се одигра во Минхен. За тој меч се поднесени 710.000 барања за влезници.

Градови домаќини на претстојното ЕП ќе бидат: Лондон, Глазгов, Даблин, Билбао, Рим, Минхен, Баку, Будимпешта, Санкт Петербург, Копенхаген, Букурешт и Амстердам.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана