Училиштата во Полска затворени до 24 мај поради коронавирусот

Од:

Училиштата и детските градинки во Полска ќе бидат затворени уште еден месец, до 24 мај, изјави денеска полскиот министер за образование Дариуш Понтковски.

Тој на прес-конференција истакна дека се разгледува можноста да им биде дозволено на некои образовни установи да обезбедат грижа за децата во текот на денот, без да изнесе повеќе детали за планот.

Првично беше предвидено училиштата и градинките во земјата да бидат затворени до 26 април.

Портпаролот на полското Министерство за здравство, Војчех Андрушевич нагласи денеска дека бројот на заразени лица со коронавирус во земјата би можел да биде трипати поголем од досега објавениот.

– Можам да кажам дека нивото на недијагностицираните е трипати повисоко од регистрираните случаи, истакна Андрушевич, додавајќи дека заразени во земјата би можеле да се 30-40 илјади луѓе, но повеќето од нив немаат симптоми.

Последните податоци покажуваат дека од 4 март досега во Полска се заразени 10.759 лица со Ковид-19, 463 се починати и 1.944 оздравеле.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад