Убил жена и 22 години се криел во џунгла додека не застари случајот

Од:

Во јануари 2000 година, Аргентинецот Рамон Анхел Абрегу ја убил својата седмомесечна бремена партнерка Ева Фалкон, поради што бил уапсен и осуден на 20 години затвор, по што набрзо успеал да побегне. Тој оваа недела се појави на суд, 22 години по убиството со адвокатот.

Абрегу прво побегнал во Чиле, од каде потоа се вратил во провинција на северот на Аргентина. Наводно, цело време живеел во џунгла, скриен од луѓето.

Веројатно повеќето заборавиле на него, а тој ги шокираше сите кога оваа недела се појави пред судот во Сан Себастијан со барање судот да го признае како слободна личност, бидејќи застареноста за случајот е измината.

Тоа го направи придружуван од адвокатот Алехандро Де ла Рива, кој презентираше документи во кои бара слобода за својот клиент бидејќи има застареност на случајот.

Тој смета дека Абрегу криејќи се од властите ја отслужил казната.

Абрегу моментално е во притвор и не се знае неговата иднина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Осудена вдовицата на францускиот сериски убиец чии жртви биле девојчиња и млади жени

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме