Осудена вдовицата на францускиот сериски убиец чии жртви биле девојчиња и млади жени

Од:

Моник Оливие (75), вдовицата на францускиот сериски убиец Мишел Фурнире, е прогласена за виновна за учество во силување и убиство на две млади жени и исчезнување на деветгодишна девојка, пишува Би-Би-Си.

Претходно овој месец, Оливие призна дека му служела на својот сопруг како мамка за британската студентка Џоан Париш во 1990 година, која ја силувал и убил. Оливие беше осуден и во врска со убиството на 18-годишната Мари Анџела Домека во 1988 година и исчезнувањето на деветгодишната Естел Музин во 2003 година.

Оливие веќе отслужува доживотна затворска казна изречена во 2008 година и сега се соочува со втора доживотна затворска казна, јавува Би-Би-Си. Таа претходно беше осудена за нејзината улога во четири убиства и силување извршено од нејзиниот сопруг.

Би можело да ве интересира

Путин го помилува сатанистот кој изеде четворица студенти

А1он

Убил жена и 22 години се криел во џунгла додека не застари случајот

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Угледен архитект осомничен дека е сериски убиец: Сееше страв цели 13 години, оставаше искасапени тела на плажите

Горан Наумовски

Уапсен е мажот кој три пати беше најбараниот човек во САД

Убиецот од Пеќ имал повратна карта за Германија