Путин го помилува сатанистот кој изеде четворица студенти

Од:

Русинот кој беше осуден на две децении затвор за ритуалното убиство на четворица тинејџери, наводно бил помилуван од рускиот претседател Владимир Путин во замена за неговото учество во војната во Украина, пишува Newsweek.

Николај Оголобјак, кој призна дека е член на сатанистичка секта, беше осуден во јули 2010 година под обвинение за убиство, грабеж и сквернавење на труп. Членовите на сектата ги пржеле и јаделе органите на своите жртви во станот на Оголобјак во 2008 година, покажуваат судските документи на кои се повикува рускиот портал 76.ru.

Русија, наводно, интензивно регрутирала затвореници со месеци во обид да им помогне на нејзините воени напори во соседна Украина.

Таткото на Оголобјак за порталот изјавил дека Оголобјак шест месеци служел во озлогласената руска единица Бура З, која Русија ја користела за изведување локални напади на фронтот во Украина, а сега е дома во градот Јарослав во Московската област.

„Тоа е вистина. Таму служеше шест месеци во бура З. Откако се повреди, стана инвалид. Оди, но раната беше сериозна“, рече таткото на Оголобјак и додаде дека поради повредите тешко дека тој ќе биде повторно испратен да се бори во Украина. Тој рече дека неговиот син се вратил од Украина на 2 ноември и моментално живее со својата мајка.

Сектата на која и припаѓал Оголобјак е основана во 2006 година од 15-годишниот Константин Клик Баранов. Неколку години, членовите спроведувале „крвни ритуали“, убивајќи кучиња и мачки и ја користеле нивната крв за да иницираат нови членови.

Во летото 2008 година, осум членови убиле и распарчиле четворица студенти во Јарослав.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив