Убиени 98 луѓе во Сирија

Од:

Најмалку 98 луѓе, меѓу кои 61 цивил и 28 војници, се убиени во судирите меѓу силите на режимот и бунтовниците.

Вчера во реонот на градот Деир ез Зур, во северозападниот дел на Сирија, биле убиени 13 цивили.

„Сите биле застрелани со по еден куршум во челото“, изјави директорот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права Рами Абдул Рахман, пренесе Франс прес.

Единаесет лица биле убиени во Хомс, седум од нив при артилериски напад.

Во 14-те месеци од почетокот на бунтот против режимот на Башар ал Асад во Сирија загинале над 13.000 лица.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски