Убиен новинар-истражувач во Индија

Од:

Индискиот новинар-истражувач, Сандеп Котари (40) е убиен, откако прво бил грабнат од својот дом, а потоа измачуван и жив запален.

Мртвото тело на новинарот било најдено, фрлено покрај една пруга, во индиската сојузна држава Мадија Прадеш, во која Котари живеел и работел.

Полицијата соопшти дека уапсила три лица, осомничени за убиството.

Властите во оваа сојузна држава покренаа истрага, но се претпоставува дека станува збор за одмазда, затоа што новинарот Котари го истражувал илегалното копање руда, во овој дел од Индија и во своите написи, барал од властите да го запрат крадењето на националното богатство и да ги казнат виновниците.

Според полицијата, тројцата уапсени се поврзани со илегалното копање руда.

Бруталното убиство на новинарот Сандеп Котари е најновиот случај во се пораширениот бран напади врз индиските новинари.

На почетокот од овој месец, индиската полиција отвори истрага за смрта на фриленс-новинарот Џагендра Синг.Полицијата инцидентот го означи како убиство и за тоа осомничи еден локален политичар, припадник на владејачката партија во Индија, обвинувајќи го за правење заговор и убиство.

Новинарот објавувал текстови за корупцијата меѓу политичарите и на својата страница на Фејсбук го обвинувал политичарот за земање поткуп.

Индија е рангирана како 136 земја, меѓу 180 во светот, според слободите на печатот за 2015 година. Рангирањето на глобалниот Фридам прес, го направи француската организација „Репортери без граница„.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски