Убиен командант на Ал Каеда во Сирија

Од:

Воениот командант на сирискиот огранок на Ал Каеда, Абу Хомам ал Шами, е убиен во експлозија во тек на состанок со високи старешини на таа екстремистичка организација на север на Сирија.

„САНА“ пренесе дека Хомам е убиен во операција на сириска војска чија цел бил собирот на Фронт Нусра во едно село во северниот дел на Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права чие што седиште се наоѓа во Велика Британија, го потврди убиството на Хомам и на другите кои присуствувале на состанокот.

Се претпоставува дека во граѓанската војна која во Сирија започна во март 2011 година, загинале повеќе од 220.000 лица.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски