Пратеник во Парламентот на руската кавкаска република Дагестан денеска бил застрелан во градот Хасавјурт, соопшти федералниот Истражен комитет.
Непознати напаѓачи утринава отвориле оган врз автомобилот на Муса Иславов и побегнале, јави ИТАР-ТАСС.
Во нападот Исламов загинал, а неговиот возач е тешко повреден и пренесен во болница.