Премиерот на Малта, Џозеф Мускат соопшти дека малтешката полиција уапсила осум осомничени лица за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.
Апсењата следуваат два месеци по убиството. Галиција беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.
Уапсените лица се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие.