Уапсени 23 лица осомничени за напад на музејот во Тунис

Од:

Властите во Тунис денеска уапсија 23 лица осомничени дека го извршиле нападот во Националниот музеј Бардо минатата недела, во кој загинаа 20 туристи, изјави министерот за внатрешни работи Наџем Гарсили.

Тој истакна дека меѓу 23-те уапсени се наоѓа и една жена и оти тие се притворени како припадници на терористичка група, која била вмешана во нападот. Со апсењето е разбиено 80 отсто од оваа терористичка група.

Музејот Бардо требаше да биде повторно отворен за посетителите во вторник, но неговото отворање е одложено во последен момент поради безбедносни причини бидејќи Министерството за внатрешни работи соопшти дека Музејот се уште не може да прима голем број туристи.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен