Уапсени 200 илегалци од Албанија и од Косово во обид од Франција да заминат за Велика Британија

Од:

Француската полиција, деновиве, уапси околу 200 Албанци без документи, во обид на илегален начин од Франција да заминат за Велика Британија. Заедно со нив уапсени се и 12 други лица под обвинение „недозволена трговија со луѓе“, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Уапсените шверцери организирале транспорт со брод за цена од седум до 10.000 евра по човек. Едно албанско семејство со четири деца платило 15.000 евра за да биде префрлено од Франција во Велика Британија. Илегалците се Албанци од Албанија и од Косово, а меѓу нив и голем број деца, соопшти француската полиција.

Со организираната група раководел Косовец, кој е уаспен во Саинт-Мало. Според француското Државно обвинителство групата им помагала на имигранти без докумети да одат во Велика Британија, од кои земале голема сума пари. Групата во период од година и пол најмалку четриинаесетпати префрлила илегалци Албанци од Франција во Велика Британија, заработувајќи голема сума на пари.

Би можело да ве интересира

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски