Безбедносните сили на Тунис го уапсија лидерот на групата, која минатата недела го изврши нападот врз музејот Бардо во Тунис, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Групата била составена од 15 терористи. Секој од нив имал специјална задача, како што се координација, обезбедување оружје и подготовки за нападот, истакна портпаролот на МВР на Тунис, Рафик Чели, кој од безбедносни причини не сакал да го открие идентитетот на уапсениот.
Тој потврди дека „членови на групата претходно се сретнале со алжирскиот терорист Лукман Абу Сакхар, по кого се трага, а кој ја предводи групата „Укба ибн Нафи“, која неодамна изрази лојалност кон џихадистичката Исламска држава“.
Најмалку 23 лица, меѓу кои 20 странски терористи, беа убиени минатата среда кога напаѓач влезе во музејот. Меѓу жртвите се наоѓаат државјани на Италија, Јапонија, Полска и Шпанија. Одговорноста за нападот подоцна ја презеде група поврзана со ИД.