Уапсен поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта

Од:

Поранешниот шеф на кабинетот на премиерот на Малта, Кит Шембри денеска е уапсен поради истрага за убиството на новинарката Дафне Каруна – Галиција, соопшти полицијата.

Шембри вчера поднесе оставка откако полицијата соопшти дека ќе сослушуваат повеќе лица во врска со истрагата на новинарката Каруна – Галиција.

Тој беше под притисок да поднесе оставка откако минатата недела беше уапсен бизнисменот Јорген Фенеч, за вмешаност во убиството на новинарката Каруна-Галиција во Валета 2017 година, откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив.

Во 2018 година беше откриено дека Фенеч поседува фирма во Дубаи, додека Шембри и малтешкиот министер за туризам Конард Мизи поседуваат оф-шор компании. „Тајм оф Малта“ објави дека Шембри е поврзан со коруптивни договори.

За убиството на Каруна-Галиција досега се осомничени три лица.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски