Уапсен градоначалникот на Венеција под сомнение за корупција

Од:

Италијанската полиција денеска го уапси градоначалникот на Венеција Џорџо Орсони и уште 35 лица во рамки на истрагата околу корупцијата во врска со изградбата на подводни бариери за заштита на градот од поплави.

Одделението на италијанската полиција за финансиски криминал го потврди апсењето на градоначалникот Орсони, но не изнесе други информации.

Извор од локалното обвинителство, кого го цитираат италијанските медиуми, изјави дека против Орсони се води истрага под сомение за корупција, изнуда и перење пари.

Апсењето на градоначалникот и на уште 35 лица е резултат на тригодишната истрага на Одделението на полицијата за финансиски криминал, која минатото лето исто така резултираше со апсење на директорот на конзорциумот задолжен за изградба на амбициозниот, но повеќе пати одложуваниот систем за заштита од поплави, наречен „Мојсие“.

Италијанските власти наведуваат дека конзорциумот издвоил 20 милиони евра за подмитување на политичарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим