Творецот на Членот 50: Велика Британија може да се предомисли

Од:

Велика Британија би можела да се предомисли и да се откаже од напуштањето на Европската унија и откако официјално ќе ги покрене разговорите со ЕУ за Брегзит со активирање на Членот 50, изјави денеска Џон Кер, човекот, кој го формулираше овој член во Лисабонскиот договор.

Премиерката Тереза Меј најави дека ќе го активира Членот 50 до крајот на март кога треба да почнат двегодишните преговори за излегување од ЕУ.

– Можете да се предомислите додека трае процесот, рече овој поранешен британски амбасадор во ЕУ за Би-Би-Си.

Во тој период, како што појасни тој, ако некоја земја навистина одлучи дека не сака да ја напушти ЕУ, „сите би биле лути поради губење време“.

– Тие можат да се обидат да ја зголемат политичката цена, но правно гледано, тие не можат да инсистираат на вашата одлука, рече Кер.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија