Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск објави дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ја споделил со него неговата проценка за ситуацијата во регионот, како и на украинско-рускиот фронт, додавајќи дека Русија продолжува да ја ескалира ситуацијата.

– Како што предупредив, ескалацијата од страна на Русија продолжува. На Украина ѝ е потребна поголема воздушна поддршка, што е исто така клучно за нашата безбедност, напиша Туск во објава на платформата X, нагласувајќи дека ова е задача за цела Европа.

Според него, следните шест месеци ќе бидат одлучувачки.

„Ние, како Полска и НАТО, мора да бидеме подготвени за различни сценарија. Не можеме да ги исклучиме руските провокации насочени против една од членките на НАТО“, заклучи полскиот премиер во објавата.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања