Туск ќе предложи националните парламенти да му покажуваат „црвен картон“ на Брисел

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ќе предложи нови овластувања за националните парламенти на земјите членки на ЕУ заради евентуалната потреба од блокирање на мерките и прописите што ќе ги донесува Брисел, пишуваат лондонските медиуми.

Ваквата понуда треба да биде дел од нацрт-спогодбата меѓу Велика Британија и ЕУ, што се очекува денеска да ја презентира претседателот на Европскиот совет.

Нацрт-документот доаѓа по продолжувањето на британско-европските преговори од неделата вечерта, кога во Лондон, Туск и британскиот премиер Дејвид Камерон не успеаја да постигнат согласност за договорот околу четирите барања на Велика Британија за реформирање на Унијата.

Двајцата, сепак, се согласија да се продолжат преговорите за уште 24 часа, по што би уследило објавување на основите на нацрт спогодбата, која би им била дадена на увид на сите земји членки.

Проконзервативниот „Дејли Телеграф“ открива дека националните парламенти во иднина ќе може да ги „блокираат“ законите кои ги „креира Брисел“.

Би-Би-Си тврди дека во понудените реформи што ќе ги презентира Туск, парламентите на земјите членки ќе добијат право да покажат „црвен картон“ за европските прописи што ги предлага Европската комисија.

За блокирањето на еден пропис што ќе го понуди Брисел ќе биде потребно, 55 отсто од членките на ЕУ да се согласат да биде покажан „црвен картон“.

Британските антиевропски пратеници кои заговараат излегување на Велика Британија од ЕУ, синоќа ја отфрлија ваквата понуда на Брисел ,нарекувајќи ја „тривијална“ и недоволна за да се врати „суверенитетот“ на британскиот Парламент.

Според „Дејли Телеграф“ во понудената нацрт-спогодба, на Лондон ќе му се дозволи и блокирање на социјалните фондови за мигрантите од ЕУ кои работат и живеат на британска територија, во првите четири години од нивниот престој во Британија, како привремена мерка, додека не се изнајде трајно решение.

Британскте медиуми откриваат дека во ЕУ има согласност за оваа понуда на Лондон, но дека Британците ќе треба да покажат дека нивните социјални фондови се навистина исцрпени.

Засега не се знае дали е расчистено прашањето околу тоа дали ваквата мерка да почне да се применува после 12 недели или веднаш по референдумот во Британија, како што тоа го бара премиерот Камерон.

Доколку Лондон и Брисел се спогодат околу британските барања, европскиот референдум во Велика Британија би можел да се организира на 23 јуни оваа, а не до крајот на идната година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески