Туск и Јункер ја повикаа Велика Британија да се изјасни за намерите

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер побараа од Велика Британија да се изјасни за намерите откако договорот за Брегзит синоќа не беше одобрен во британскиот Парламент.

– Ако е невозможен договор и никој не сака излегување без договор, кој конечно ќе има храброст да каже кое е единствено позитивно решение, напиша Туск на Твитер.

Јункер истакна дека „со жалење“ ја примил веста за исходот од гласањето во Велика Британија и побара Лондон што побрзо да ги соопшти своите намери бидејќи „истече времето“.

– Ризикот од хаотично излегување на Велика Британија се зголеми со гласањето. Иако не сакаме тоа да се случи, ЕК ќе продолжи да работи на својот план со цел Европска унија да биде подготвена во целост, истакна Јункер.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали