Туск: Британија може да ги почне преговорите за Брегзит на почетокот на февруари

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека премиерот на Велика Британија, Тереза Меј би можела да ги почне преговорите со ЕУ за истапување од Унијата веќе на почетокот на февруари идната година.

Туск рече дека за датумот околу почетокот на преговорите на Брисел и Лондон, разговарал со Меј за време на нивната минатонеделна средба во Даунинг стрит 10.

– Таа (Меј) беше отворена и чесна кон мене. Рече дека е невозможно да се почнат преговорите оваа година, но дека е многу веројатно оти Британија ќе биде подготвена во јануари или на почетокот на февруари 2017 година, објасни Туск.

Претставник на владиниот кабинет во Лондон изјави дека преговорите за Брегзит нема да почнат оваа година, но одби да ја потврди или негира изјавата на Туск.

Ова е првпат по референдумот зе ЕУ во Велика Британија од 23 јуни, да биде споменат конкретен термин за почеток на британско-европските преговори.

Преговорите не може да почнат додека Велика Британија не го покрена членот 50 од Лисабонската спогодба, што е формалниот механизам за преговори за излез од ЕУ.

Премиерот Меј досега на неколкупати порачуваше дека нема да има преговори додека Велика Британија не биде подготвена за тоа, но и затоа што во актуеланата Влада постои поделба околу тоа какви треба да бидат идните односи со ЕУ, а особено за тоа дали земјата треба да остане во заедничкиот европски пазар.

Повеќемина европски лидери, меѓу кои и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјавија дека за да остане во заедничкиот пазарот, Велика Британија мора да ги прифати правилата на ЕУ, а пред се оние за слободното движење на луге и на работна сила.

Велика Британија, пак, инсистора дека нема да го прифати слободното движење „по никаква цена“, порачувајќи дека Лондон ќе го блокира влезот на мигрантите од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ