Турската Влада ја разгледа ситуацијата околу евентуалната воена операција во Сирија

Од:

Планот за идните чекори на Турција во врска со ситуацијата во Сирија и аспектите за евентуалното учество на Анкара во воената операција против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад беа во центарот на дискусиите на синоќешната вонредна седница на турската Влада.

Седницата се одржа зад затворени врати под претседателство на премиерот Реџеп Таип Ердоган и со учество на министрите, началникот на Генералштабот на вооружените сили и раководителите на разузнавачките служби.

На средбата, според телевизијата Си-Ен-Ен Турк биле разгледани и дипломатските напори на Турција за решевање на конфликтот во Сирија и општите ставови во патоказите на Анкара, кои би можеле да ја убедат меѓународната заедница да преземе конкретни мерки.

Ердоган ги сослушал излагањата на раководителите на органите за зачувување на редот, кои ја образложија неопходноста од нов мандат за армијата Мандатот, кој минатата година и го даде Парламентот на армијата и дава право да ги презема сите неопходни мерки за гарантирање на националната безбедност во случај на каква било агресија од страна на Сирија.

На седницата беше констатирано дека за учество во меѓународна воена операција, Парламентот треба повторно да заседава, бидејќи повеќе не станува збор за обезбедување на границите на Турција, туку за воени дејствија надвор од турска територија, дури и доколку земјата учествува само со логистичка поддршка.

На седницата е разгледано и прашањето за зголемување на безбедноста на границата со Сирија, како и за можноста за создавање тампон зона.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски