Tурција со статус – партнер во Шангајската организација за соработка

Од:

Генералниот секретар на Шангајската организација за соработка Дмитриј Мезенцев и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу потпишаа денеска во Алмати меморандум за давање статус партнер за Турција во дијалогот во рамки на Организацијата.

Меморандумот е потпишан во рамки на министерска конференција во Алмати.

– Тоа е нов интересен развој на меѓународната активност на Шангајската организација и би сакал да ги поздравам членовите на организацијата и Турција за овој важен настан, изјави министерот за надворешни работи на Казахстан Ерлан Идрисов.

Членки на ШОС сега се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Статус набљудувачи имаат Индија, Иран, Монголија и Пакистан.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени