Турција: Сирискиот авион превезувал руска муниција

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека сирискиот цивилен авион кој присилно беше спуштен на аеродромот во Анкара, превезувал муниција од руско потекло наменето за сириската армија.

„Станува збор за муниција којашто ѝ припаѓа на верзијата на нашата Корпорација за механичка и хемиска индустрија, а била наменето за сириското министерство за одбрана”, изјави Ердоган на прес-конференција.

Сириските власти веднаш го обвинија турскиот премиер за лага, негирајќи дека во товарот на авионот имало воен материјал, пренесува AFP.

„Премиерот Ердоган продолжува со серијата лажни изјави, измислени за да се оправда непријателското однесување на неговата влада кон Сирија. Овие обвинувања се лажни и неосновани”, ја цитира AFP официјалната изјава на сириското министерство за надворешни работи.

Руското министерство за надворешни работи не сакаше да ги коментира изјавите на Ердоган повикувајќи се на претходната изјава на портпаролката на московскиот аеродром Внуково од каде што полета авионот, дека авионот ја минал царината и сите безбедносни проверки, како и дека во него немало забранет товар според меѓународните прописи за цивилното воздухопловство,

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски