Турција: Приведени 12 лица поради тероризам

Од:

Властите на Турција во серија рации ширум државата, приведоа 12 лица, поради сомнеж дека се припадници на терористички организации, соопштија локалните власти.

Рациите се изведени во најголемиот град на Турција, Истанбул како и во јужните провинции Мерсин, Адана и Хатај, во близина на границата со Сирија, изјави гувернерот на Адана, Хусеин Ави Кос, пренесе „Ројтерс“.

Тој нагласи дека во текот на акциите е запленет непознат хемиски материјал кој е испратен на анализа, но истовремено ги демантира извештаите на медиумите дека е пронајдена мала количина на нервниот боен отров сарин.

Шест лица од приведените подоцна се пуштени на слобода додека останатите се задржани, наведе Кос без да прецизира која организација била мета на рацијата.

Медиумите пренесоа дека осомничените припаѓаат на сириската организација „Фронт на ал Нусра“, блиска до Ал Каеда, кои наводно планирала напад во Турција и чија сопственост биле двата килограми сарин.

Рациите поттикнуваат сомнеж дека граѓанската војна од Сирија би можела да се прошири на соседните држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски