Претставникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калан, изјави дека Турција од денеска ќе почне да испраќа храна, облека и лекови со хеликоптери во Мјанмар, во зоната од каде муслиманите – Рохинги бегаат од насилството.
Изјавата беше дадена откако Ердоган телефонски разговораше со шефицата на Владата на Мјанмар Аун Сан Су Чи.
Властите во Мјанмар дале дозвола за првите пратки хуманитарна помош во северозападниот дел на земјата.
Предвидено е во Мјанмар да бидат испратени 1.000 тони хуманитарна помош од Турција.
Насилствата во Мјанмар почнаа на 25 август, откако бунтовници од Армијата за спас на Рохингите во Аракан нападнаа десетици полицајци.
Како одоговор на тоа војската на Мјанмар почна голема операција во државата Ракхајн, што е окупирана од Рохингите.
Во судирите, досега се убиени 400 лица, од кои 370 се „терористи“ Рохинги.