Турција испрати дополнителни оклопни возила и воен персонал на границата со Сирија

Од:

Турските вооружени сили реализираа нова испорака на оклопни возила и воен персонал во воените единици на границата со Сирија, јави телевизијата ТРТ.

Конвојот составен од девет шлепери натоварени со оклопни возила и еден автобус кој превезувал воен персонал од Командата на 20-тата оклопна бригада во градот Шанлиурфа, под засилени безбедносни мерки пристигна во населеното место Акчакале на границата со Сирија.

Како што дознава телевизијата, конвојот е испратен со цел зајакнување на воените единици распоредени на границата со Сирија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски