Турција: Девет загинати во судири

Од:

Во судирите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници на југоистокот на земјата, загинаа еден полицаец и осум бунтовници, пренесува агенцијата Анадолија.

Курдската организација ПКК изврши пет истовремени напади на безбедносните сили, притоа убивајќи еден полициски офицер.

Турските сили, поддржани од авијацијата, ги нападнаа курдските бунтовници во Бејтусебапу, во кој загинаа осум бунтовници.

Околу 45.000 луѓе се убиени, откако ПКК започна вооружена борба за автономија на југоисточниот дел на Турција во 1984-та година.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски