Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Од:

Бебето што 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е со својата мајка, јавува Анадолу.

Три иполмесечната Ветин Бегдаш, која здравствените работници ја нарекоа „Гизем“, што значи „мистерија“ на турски, беше спасена во областа Хатај 128 часа по двата силни земјотреса што го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Потоа девојчето било пренесено во болница во главниот град Анкара.

Министерката за семејство и социјални услуги на Турција, Дерја Јаник, ѝ го предаде бебето на мајката Јасемин Бегдаш во областа Адана, каде што моментално се наоѓа на лекување.

Бебето и мајката биле споени благодарение на ДНК-тестот со кој се докажала врската. Таткото и двајцата браќа на бебето ги загубија животите во земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

„Бебето е навистина чудо. Воодушевени сме од фактот што преживеа и немаше никакви здравствени проблеми. Таа сега е наше дете”, изјави Јаник.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски

Објавен бројот на загинати во земјотресите во Турција