Турбуленции над Хонг Конг, повредени 45 патници

Од:

Во силните турбуленции над хонгкошкиот аеродром во два лета, денеска се повредени вкупно 45 патници, соопштија локалните власти.

Тајландската авиокомпанија „Тај ервејс“ наведе дека во авионот „Ербас А380“ со 500 патници, кој утрово полета од Банконг, повредени се 39 лица.

Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот, а сите се превезени во три болници во град во јужна Кина.

Покрај тоа, поради турбуленции утрово при слетувањето во Хонг Конг повредени се и тројца патници и тројца членови на екипажот на авион на компанијата „Хонг Конг Ерлајнс“ на летот од тајландскиот остров Пукет.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам