Тунижаните фрлаа со камења на претседателот на прославата на годишнината од револуцијата

Од:

Незадоволните Тунижани денес ги каменуваа претседателот на државата Монсеф Марзуки и претседателот на Собранието Мустафа Бен Јафар, кои говореа пред насобраниот народ во градот Сиди Бузид, колевката на револуцијата што избувна пред точно две години.

Инцидентот се случи откако Марзуки заврши со својот говор во кој рече дека “владата нема магично стапче” и ги повика луѓето да бидат трпеливи. Безбедносните сили веднаш ги евакуираа функционерите во седиштето на регионалната влада во Сиди Бузид, сиромашен град каде што се одбележува втората годишнина од востанието во Тунис, пренесе известувачот на АФП.

Демонстрантите го опколија плоштадот, каде што се држеше говор и извикуваа “луѓето сакаат владата да падне.” Кога претседателот излезе на бината, многумина во толпата од околу 5.000 луѓе почнаа да викаат “Излегувај!”.

Во разговорите со жителите на Сиди Бузид, кои претходно му се жалеа на претседателот на недостатокот на инфраструктура, Марзуки им вети економски прогрес за шест месеци.

Маргинализираната внатрешност на Тунис е често сцена на социјални немири поради големото незадоволство од фактот дека револуцијата не донесе подобри материјални услови за живот.

Сиромаштијата и невработеноста се клучните причини за масовни протести, кои избувнаа откако уличниот продавач Мохамед Буазизи (26) на 17 декември 2010 година, се самозапали во знак на протест против сиромаштијата и полициското малтретирање.

Неговиот очајнички чин ја започна револуцијата во Тунис, во која е соборен претседател от Зин ел Абидин Бен Али, а започна и “Арапската пролет”.

Се поголемата неизвесност и криза во Европа го наруши економското закрепнување на Тунис, а стапката на невработеност, која изнесува околу 18 отсто, особено е висока кај младите Тунижани. Минатиот месец, околу 300 лица се повредени во текот на петдневните судири меѓу полицијата и демонстрантите во градот Силиана југозападно од главниот град Тунис, каде што штрајкот се претвори во насилство.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен