Туниските власти идентификуваа 27 од жртвите во терористичкиот напад во Сус

Од:

Туниското Министерство за здравство денеска соопшти дека идентификувало 27 од жртвите во петочниот терористички напад врз гостите во хотелот во летувалиштето Сус, во кој беа убиени вкупно 39 лица, пренесоа британските медиуми.

Идентификувани се телата на 19 Британци, тројца Ирци, двајца Германци и по еден Белгиец, Португалец и Русин.

До овој момент потврдена е смртта на 21 британски државјанин, соопшти портпаролот на премиерот Дејвид Камерон, цитиран од британските медиуми.

Претходните податоци на Владата се однесуваа на 19 убиени Британци.

Велика Британија смета дека во нападот загинале вкупно 30 нејзини државјани. Таа се обидува да го потврди идентитетот на уште девет од жртвите.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен