Туниските безбедносни сили во потрага по 30 членови на Ал Каеда

Од:

Полицијата и армијата на Тунис од вчера се во потрага по 30 осомничени припадници на Ал Каеда, во близина на границата со Алжир, а претседателот Монсеф Марзуки отпатува во таа област за да ја надгледува операцијата.

Портпаролот на министерството за внатрешни работи изјави дека во градот Ел Кеф имало околу десет екстремисти, а дваесетина во областа Маунт Чамби на западниот дел од државата, каде што изминатите недели имаше судири помеѓу полицијата и екстремистите.

Според извор од Министерството за внатрешни работи, кој сакаше да остане анонимен, групата во Маунт Чамби е составена од девет Тунижани и 11 Алжирци, пренесе „Ројтерс“.

Повикувајќи се на неименувани извори, алжирските медиуми соопштија дека војската од понеделник е во состојба на приправност за да ги спречи екстремистите да заминат од Тунис.

Портпаролот на туниското министерство за одбрана Мохтар бен Наср изјави дека терористите се уште се во фаза на подготовки и складирање на оружје.

-Тие се обидуваат од Маунт Чамби да направат седиште за своите операции. Тука пронајдовме 16 магацини со оружје, кое го користи оваа група, како икниги, храна и материјал за експлозивни направи – рече тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен