Тунис спречил напад врз странски дипломати и стопански објекти

Од:

Властите во Тунис соопштија денеска дека изминатите недели спречиле напади врз странски дипломати и стопански објекти, јави ДПА.

Тунискиот министер за внатрешни работи Љутфи Бен Жеду изјави дека екстремистите планирале убиства и терористички напади со автомобил-бомби врз амбасадори и објекти.

Нападите биле спречени во превентивни операции на силите за безбедност.

Оваа изјава е дадена неколку дена откако Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека разбило неколку мрежи, кои биле поврзани со забранетата исламистичка групација Ансар ал Шарија и планирале напади во пресрет на парламентарните избори во оваа северноафриканска држава, закажани за в недела.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен