Случајот во кој полицајци силувале девојка во Тунис, предизвика сериозни негодувања и протести, а посебно се активираа органзациите за човекови права и правата на жените.
Полицајците на ова обвинение одговориле со контратужба, во која таа е обвинета за неморално однесување на јавно место.
Адвокатот на обвинетата жена тврди дека на 3. септември тројца полицајци се приближиле до автомобилот во кој биле девојката и нејзиниот свршеник. Потоа двајца од нив ја силувале, додека третиот заедно со свршеникот од кој се обиделе да земат пари, отишле до банкомат.
Обвинетите официјални преставници на законот тврделе дека парот го затекле во „неморална поза“, без да дообјаснат што значи тоа и како си го зеле правото да го извршат злосторничкото дело.
„Случајот ја шокираше јавноста бидејќи полицајци биле вклучени во силување. Уште поголем револт се создаде кога се објави дека е започната кривична псотапка против силуваната, затоа што е направен обид да се замени улогата на жртвата и обвинетите“- изјави Сала Един Ел Јорши од туниската Лига за човекови права.