Тунис ппочна да гради одбранбен ѕид и систем на ровови по границата со Либија, за да им попречи на терористичките групи да се пробиваат на негова територија, јави ТАСС.
Како што изјави тунискиот премиер Хабиб Есид, „изградбата на ѕидот и системот за ровови по границата со Либија“, веќе почна.
Според него, должината на пограничнииот ѕид ќе биде 168 километри, а целиот систем ќе биде готов до крајот на годината.
Есид рече дека Владата го разгледува прашањето за купување на специјална електронска опрема, која ќе биде распоредена по границата.
Според него, Либија сега се претворила во „најголемиот проблем“.
Одлуката за зајакнување на источната граница на Тунис беше донесена од властите по најголемиот терористички напад во историјата на земјата, што се случи во Сус на крајот на јуни. Убиени беа 38 странци, а околу 40 беа повредени. Терористот, 23-годишен студент, беше ликвидиран. Во текот на истрагата беше утврдено дека тој бил на обука во Либија.
Претходно, на 18 март, терористи го презедоа Националниот музеј „Бардо“ во престолнината Тунис, а потоа почнаа да пукаат по туристите. Дваесет лица загинаа. Извршителите на тој терористички акт исто така беиле обучени на либиска територија.