Премиерот на Тунис Хабиб Есид денеска изјави дека терористи моментно подготвуваат напади во таа држава со цел голем број човечки жртви и голема штета за туниската економија. Тој најави изградба на ѕид на границата со Либија за да се спречи влегување на џихадисти.
Во обраќањето во парламентот тој го оправда и воведувањето вонредна состојба на 4 јули поради терористичкиот напад на исламски милитанти врз туристи на плажа во Сус на 26 јуни кога беа убиени 38 странски туристи.
– Туниските власти планираат на границата со Либија да изградата ѕид долг 160 км., изјави премиерот и додаде дека се очекува изградбата да биде завршена до крајот на годината.