Повеќе илјади граѓани на Тунис минатата ноќ ја поминаа пред седиштето на Уставното собрание, барајќи оставка на владата.
Исламистичката влада во Тунис утрово повика вонредна седница, додека илјадници демонстранти втора ноќ по ред пред парламентот бараат нејзина оставка, по убиство на истакнатиот лидер на опозицијата, Мохамед Брахми.
Многу граѓани вината за убиството ја гледаат во власта, бидејќи според нив не може да се справи со радикалните исламисти, кои што се одговорни за серија напади изведени по арапската пролет 2011.
И опозициските политичари им се придружија на противниците на исламистичкиот режим и бараат оставка од владата.
Елена Георгиевска