Најмалку 37 луѓе, меѓу кои и странски туристи, се убиени денеска во текот на терористичките напади изведени во хотел во туниското летувалиште Сус, на југот од земјата, покажува новиот биланс на жртвите кој го соопшти тамошното министерство на внатрешни работи според кое напаѓачите дошле во комплексот од страна на морето со гумен чамец.
Билансот надминува „37 загинати, а меѓу нив и странски туристи“, изјавил портпаролот на туниското министерство за внатрешни работи, Мохамед Али Аруи, не наведувајќи податоци за националноста на загинатите. Додал дека во меѓувреме, бројот на жртвите се зголемил бидејќи тројца од ранетите им подлегнале на повредите.
– Имаме 37 загинати и 26 повредени. Никој од повредените не е во критична здравствена состојба, изјави портпаролот на Министерство за здравство Шокри Нафти.
Тој не ја соопшти националноста на жртвите.
Меѓутоа, туниското радио Mosaique FM цитирајќи очевидци, наведе дека имало повеќе напаѓачи кои ги нападнале туристите на плажата на хотелскиот комплекс „Империал Мераба“ и отвориле оган од автоматите, коишто ги извадиле од под еден чадор. Според сведоците, терористите биле вооружени со гранати.
Во извештајот се наведува дека покрај 30-те загинати, има уште и 20 ранети луѓе. Меѓу жртви се и државјани на Германија и Велика Британија, додава радиото повикувајќи се на извори во министерството за внатрешни работи. Според некои медиуми, меѓу загинатите е и државјанка на Украина.
Националната телевизија на Тунис јави дека се слушале истрели на плажата пред хотелот во Сус, 140 километри од главниот град.
Според телевизијата, во нападот учествувале две вооружени лица на плажата на хотелот „Империал“ во летувалиштето ел-Кантои, крај Сус. Во извештајот се додава и дека еден од напаѓачите бил убиен. Се потсетува дека истата плажа минатата сезона беше цел на напад, но тогаш освен напаѓачот кој се разнесе со бомба, но немаше други настрадани.