Министерот за внатрешни работи на Тунис, Лотфи Бен Џедо изјави дека е подготвен да поднесе оставка поради барањата на демонстрантите да се повлече исламистичката влада.
-Подготвен сум да поднесам оставка. Владата мора да се формира за да се среди нередот во државата, изјави тој.
Апелот на исламистичката влада за единство во државата и закажување на општи избори на 17-ти декември не ги смирија демонстрантите, кои уште повеќе се разлутија по веста за убиство на осум војници, во близина на границата со Алжир.
Претходно бруталното убиство на еден војник значеше почеток на нови протести во источниот град Касерин, во кој што граѓаните во текот на ноќта влегоа во канцеларијата на владејачката партија Енада.
Елена Георгиевска