Тунис испрати војници пред турската амбасада во главниот град по повикот за протести

Од:

Властите во Тунис денеска испратија воени единици за заштита на турската амбасада по повикот за протести во знак на солидарност со демонстрантите во Турција.

Оклопни возила, поддржани од полициските сили за справување со немири, ја опколија турската амбасада по повикот на левичарскиот Народен фронт за протести во знак на солидарност.

Полицијата употреби солзавец за растерување на мала група демонстранти пред трговското претставништво на Турција, каде е предвидено да има обраќање турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој се наоѓа во посета на Тунис.

Протестите во Истанбул против плановите на владата на Ердоган за изградба на трговски центар на местото на паркот Гези траат веќе една недела.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен