Тунис испрати специјални единици по границите со Алжир и Либија

Од:

Владата на Тунис испрати специјални борбени единици по границите со Алжир и Либија, за да спречи навлегување на вооружени исламисти, кои ги напаѓаат нафтените и гасните инсталации во земјата.

Мерката е преземена од нападот порано овој месец на група поврзана со Ал каеда, која зеде заложници во гасниот комплекс во Алжир и од борбите на француски и малиски борбени единици со исламистички бунтовници во Мали.

Специјалните единици се распоредени на клучни места во заштита на нафтените и гасните наоѓалишта во сахарскиот дел на Тунис. Мерките се за спречување терористички напади врз наоѓалишта, главно крај алжирската граница.

Во декември тунискиот министер за внатрешни работи Али Ларајед објави дека полицијата уапсила 16 исламисти, кои собирале оружје со цел да создадат исламска држава.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен