Тунис го прдаде претседателскиот авион што го користеше соборениот лидер Зин ал Абидин Бен Али, на турскиот превозник Туркиш ерлајнс за 78 милиони долари.
Авионот Ербас А340 што и е продаден на Турција пет години стоеше некористен во францускиот град Бордо.
Турски медиуми јавуваат дека авионот бил користен само еднаш.
Бен Али избега во Саудиска Арабија по протести со што беше ставен крај не неговото 23-годишно владеење. Новата влада потоа конфискуваше имот и компании од 114 членови на фамилијата.