Тунис: Еден џихадист убиен, 16 осомничени за тероризам

Од:

Туниските сили за безбедност убија еден џихадист, уапсија 16 осомничени за тероризам и запленија оружје во операции во северната провинција Бизерта, соопшти денеска туниското МВР.

Туниските сили вчера во гратчето Сеџнан почнаа акција против „терористи кои подготвувале терористички напади во чувствителни зони“. Таму беа уапсени 13 лица, а еден осомничен отворил оган за време на обид за бегство, по што бил застрелан.

Денеска акцијата продолжила со дејствија против соучесници на осомничните од градот Мензел Бургиба и биле притворени уште три лица.

Од почетокот на годината во Тунис почнаа напади на џихадисти – во март тие убија 22 лица претежно туристи во музејот „Бардо“, а во јуни 38 лица главно Британци во хотел кај градот Сус. За нападите одговорност презеде „Исламска држава“.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен