Тунис е безбедна земја и треба да добие поддршка

Од:

Тунискиот премиер Хамади Џебали денеска во Париз се обиде да го смири францускиот колега Жан-Марк Еро за ситуацијата во Тунис, настојувајќи за развој на „стратешко партнерство“ со Франција и Европа.

„Накратко ја опишав ситуацијата во Тунис, која моментално се движи во правец на смирување. Тунис е безбедна земја. Треба да разберете дека револуцијата е како земјотрес, а она што го гледаме сега се вторичните потреси, истакна Џебали.

Ова е првата средба меѓу француски и туниски официјални претставници по победата на исламистите од „Ан Нахда“ во Тунис и на социјалистот Франсоа Оланд на претседателските избори во Франција минатиот месец.

Откако потврди дека „не чека подарок“, Џебали изрази надеж дека со овој разговор ќе се овозможи зајакнување на односите и размената меѓу двете земји, како и со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен