Тунис денеска доби 28,8 милиони долари од сметката на сопругата на авторитарниот претседател Зин ал Абидин Бен Али, кој беше соборен од власт по народниот бунт на почетокот на 2011 година.
Ова е прво од ваков вид наплатување на средства од сметки на Бен Али и неговото семејство.
Чекот на сума од 28,8 милиони долари е врачен денеска на тунискиот претседател Монсеф Марзуки од Али Бин Фетаис ал Мари, специјален претставник на ОН за враќање на илегално изнесените пари во земјите од Арапската пролет.
Ал Мари, кој е главен обвинител на Катар, на функцијата беше именуван во септември.
Вратените средства на Тунис се од банкарска сметка на Лејла Трабелси во Либан.
Според локалните медиуми се уште не може да бидат откриени милијарди долари добиени од Бен Али и неговите блиски луѓе по пат на корупција. Точниот износ на илегално изнесени пари од Тунис не е познат.