Тројца полицајци загинаа, а шестмина беа ранети во експлозија на граничен премин во дагестанскиот град Хасаворт, соопштија локалните власти.
Според првичните информации бомбата била активирана од бомбаш-самоубиец, кој се наоѓал во автообил и кој бил сопрен заради проверка на документи.
Во експлозијата е причинета сериозна материјална штета на зградата на контролниот пунк и околните објекти.