Тројца индиски војници се убиени во конфликт на границата со Кина

Од:

Тројца индиски војници се убиени во конфликт со кинеските војници во областа Ладах, во регионот Кашмир, во граничната област меѓу Индија, Кина и Пакистан, во услови на зголемени тензии меѓу Индија и Кина.

Индиската војска соопшти дека „високи воени претставници од двете земји се состануваат за да ја ублажат ситуацијата“, но не се даваат дополнителни детали.

Ова се првите смртни случаи во децениските конфликти меѓу двете земји, пренесе Би-Би-Си.

Кина испрати апел до Индија да не презема какви било активности што дополнително ќе ја влошат ситуацијата и ги обвини индиските воени сили дека ја преминале границата и нападнале кинески војници.

Индија,пак, ја обвинува Кина дека и заземала 38.000 квадратни километри од нејзината територија, во областа Кашмир

Во мај, десетина индиски и кинески војници се судрија на границата во северо-источната држава Сиким.

Двете земји се судрија и во 2017 година во регионот Кашмир, откако Кина се обиде да го продолжи граничниот пат преку спорните висорамнини.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка