Тринаесет загинати при пад на воен хеликоптер во Казахстан

Од:

Во пад на воен хеликоптер во Казахстан загинаа сите 13 патници, соопштија властите.

Хеликоптерот се урнал за време на вежба во областа Залагаш, источно од Аралското Езеро, во јужниот дел на земјата, соопшти казахстанското Министерство за одбрана.

Во рамки на вежбите на специјалните сили, хеликоптерот Ми-8 летал од местото Актау на Каспиското Езеро до Шимкент, во близина на границата со Узбекистан.

Министерството за одбрана првично наведе дека не е познато дали има преживеани.

Привремениот претседател на Казахстан, Касим Јомарт Токајев подоцна напиша на Твитер дека сите патници загинале.

Токајев истакна дека наредил истрага за падот на хеликоптерот.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски