13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Од:

Тринаесет лица загинаа во пожар во хостел во најголемиот град во Казахстан, Алмати, соопшти градското Одделение за итни случаи.

Пожарот избувнал во трикатница во која престојувале 72 гости.

Жртвите починале од труење со јаглерод моноксид, додека останатите 59 лица успеале да ја напуштат зградата.

Според градоначалникот на Алмати, три лица се префрлени во болница, објави казахстанскиот портал zakon.kz.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Би можело да ве интересира

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пожар во беровската месност Безгашчево