Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Од:

Силен пожар попладнево избил во плевна на куќа во општина Ново Село, кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Како што соопштија од ЦУК, огнот се шири многу брзо, а во близина има бензинска пумпа.

Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија, но, во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што, наведуваат, гаснењето е отежнато.

-Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство, а армискиот во секој момент ќе биде таму. Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица, посочуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација